LOVE, FAITH & STEWARDSHIP

“Verily, I say unto you, this generation shall not pass away until all that has been hidden is brought again into the light, for it is the epoch for the fulfillment of promise.”
Oracles of Celestine Light, Nexus 1:21

ДВАНАЕСЕТТЕ ЗАПОВЕДИ

Прикажи/печати PDF

 1 Од длабочината на срцето твое биди благодарен на Елохим за сите твои благослови; и со чиста намера побарај го сето она што ти треба, а што е праведно, со понизност и интегритет; и ќе ти биде дадено, ако е во согласност со потребите на Бога.

2 Не смееш да обожуваш, ниту да им се молиш, ниту пак да ги славиш лажните богови и нивните визуелни претстави, ниту пак луѓе или влади или кралеви, или духови или ангели, или било што или било кој, кој не е Елохим.

3 Никогаш не смееш да колнеш, проколнуваш, клеветиш или пак да го употребуваш името на Елохим без потреба; напротив труди се да негуваш благопријатен карактер при што за тебе колнењето ќе биде непознато.

4 Во работната недела не го заборавај денот за одмор и чувај го како свет ден. Шест дена во неделата можеш да работиш за да ги заврши сите свои обврски; но седмиот ден е ден на Елохим. На тој ден немој да работиш, туку соберете се заедно сите Деца од Светлината како би можеле еден со друг да си дадете подршка и поттик и да ги возобновите своите завети и да споделите ново или да се потсетите на старото знаење за Елохим и за начините на Целестинската Светлост. Исто така, нека овој ден биде и ден кога ќе се соберете заедно со својата фамилија и со комплетно внимание еден спрема друг ќе си говорите помеѓу себе како би се зацврснале вашите постоечки односи на пријателство и љубов. И нека овој ден биде ден кога би ги посетиле храмовите Божји: планините, морето, пустината, шумите и сите други прекрасни чудa кои Елохим ги создаде само за вас; за да имате каде да размислувате за вашето патување, да можете да ги зајакните односите со вашето семејство и да се доближите чекор поблиску до Небесата. И нека ова биде ден за учење и за молитва, за ретроспекција и контемплација, за нови завештанија, за покајание и посветување на Бога и ден за сите благопријатни нешта на одмор и регенерација кои би ве воздигнале и би ве донеле поблиску до Бога и до вашата фамилија.

5 Ти си храм Божји. Не смееш да го осквернавиш својот храм ниту одвнатре, ниту однадвор, но чувај го чист и свет како би можела Целестинската Светлост на Елохим да те осветли.

6 Ти си амбасадор на Елохим; затоа секогаш стреми се да бидеш достоен претставник на Божесвеноста при што другите во тебе би ја препознале твојата добрина и светлост и би го славеле Бога. Биди понизен во срцето твое и богат во духот твој. Прави добри дела и биди миротворец. Презирај го лицемерието и озборувањето. Не возгордевај се себеси, но оддади им признание на другите. Пронајди ги благословите во искушенијата кога ќе натежнат врз тебе. Не биди брз во гневот, туку во простувањето. Немој да ги земаш за пријатели горделивите и арогантните, туку спријатели се со праведните и понизните. Не осудувај ги другите и биди пресметлив и балансиран во своите мисли и дела. Не го повишувај тонот на својот глас кога си во неправеден гнев, ниту пак поттикнувај на било какво насилство преку зборување или делување. И во сите нешта постапувај онака како што би сакал и другите да постапуваат со тебе.

7 Не смееш да посакуваш ништо туѓо; или да бидеш алчен; или да крадеш, или да лажеш; или да си создадеш неправедна предност за сметка на некој друг; ниту да натрупуваш земни богатства кои ги надминуваат твоите основи потреби. Туку подари им го својот земен вишок за изградба на Царството Небесно и за потребите на Децата од Светлината при што ќе си создадеш богатство на Небесата, не на земјата.

8 Не смееш да вршиш прељуба или било какво неверство, или на било кој начин да ги учиш младите луѓе на зло.

9 Сакај ги своите соседи и браќа и сестри од Светлината, дури и со сите нивните недостатоци и маани, токму како што и Елохим те сака тебе и покрај твоите слабости. Прави великодушни и убави нешта за другите кои исто како тебе се патници на своето патување наречено „живот„ и овие нешта направи ги за нив токму онака како што би сакал и тие некогаш да го направат тоа за тебе. Немој да сведочиш лажно против нив, да ги клеветиш или пак да ги озборуваш пред другите. Ако си лут на некои од нив, оди и побарај ги и разговарај со нив со мир и добрина во срцето, а не со лутина.

10 Чествувај ги твојот татко и мајка исто како што тие те чествувале тебе со нивното време, пожртвуваност и грижа. Сакај ги во сите нивни останати денови, грижи се за нив исто како што тие се грижеле за тебе.

11 Не смееш да осакатуваш или убиваш; а тоа значи дека не смееш никого смртно да повредиш или да му го одземеш животот, сем ако дојде момент каде што ти или твојата фамилија или твојот дом директно ќе се најдете во смртна опасност. Ниту пак смееш да убиваш за храна било кое животно или птица или битие од морето кое е благословено со топла крв во своето тело и кое се грижи за својот пород, освен во период на екстремни временски непогоди и голема глад, кога храната повеќе ја нема во градините и нивите и кога залихите во амбарот ги нема. Ниту пак ќе бидеш дел од војска која носи војна во други земји, но можеш да бидеш дел од војска чија единствена задача е одбрана против уништувачот на твојата земја и ова само откако не успеало да се дојде до чесна спогодба за мир. И додека одбраната трае, се случи да одземеш нечиј живот поради оваа кауза, тогаш со молитва и пост помири се со Бога и кога твојот Дух одново ќе биде вдахнат со љубов и мир ќе можеш повторно да влезеш во куќата Господова.

12 Биди добар и верен стопанственик на Земјата и на сите постоечки битиа. Овој прекрасен свет ти е даден од Елохим како би нашол во него сѐ што ти треба. И затоа земи го овој скапоцен дар што ти е даден, чувај го, зголемувај го и потоа предади им го како уште поголем дар на твоите идни поколенија.